Фотографии на денот
Актуелни, занимливи, необични, прекрасни или застрашувачки. Поглед на секојдневието преку редовната #ФотографијаНаДенот на Дојче Веле на македонски јазик.
Минхен ја слави демократијата
Музичарот и медиумски уметник Лукас Таидо ја трансформира фасадата на градското собрание во платно: главниот град на Баварија го слави 75-тиот роденден на германскиот Устав со видеа, графики, текстови и со музика. Кога уставот или Основниот закон, како што се нарекува во Германија, стапи на сила на 23 мај 1949 година, беше основана и Сојузна Република Германија.
Кралот и пеперутката
Британскиот крал во натприродна големина во масло: официјалниот портрет на кралот Чарлс III , висок 2,6 метри беше претставен во Лондон и наскоро ќе биде изложен за јавноста. Уметникот Џонатан Јео започна со работа во летото 2021 година - кога Чарлс сè уште беше наследник на тронот. Пеперутката над неговото рамо има за цел да ја симболизира неговата поврзаност со природата.
Во слободен пад
Овој спорт е хорор замисла за многумина: кај бејс скокањето во прв план е возбудата и напливот на адреналин од слободното паѓање кога ќе се скокне од висока зграда. Се разбира со падобран - затоа што конечно треба да се преживее тој скок. Овој бејс скокач во главниот град на Шри Ланка Коломбо веќе е толку искусен што изгледа сосема опуштено откако скокна од кулата Лотус висока 351 метар.
Верните следбеници на Доналд Трамп
Предизборната кампања во САД зема замав, во ноември ќе биде новиот дуел меѓу Доналд Трамп и Џозеф Бајден за претседателската функција. Во Вајлдвуд, Њу Џерси, еден човек држи маска со ликот на Трамп пред настапот на бившиот претседател на предизборен митинг.
Раскошот на поларната светлина
Поларна светлина над Националниот споменик на Шкотска во Единбург за време на најсилната сончева бура која ја погоди Земјата во последните две децении. Поларната светлина можеше да се види од Тасманија до Велика Британија, а се заканува да предизвика пречки во работата на сателитите и електричните мрежи во текот на викендов.
Изложба на дронови
Јато од 1000 дронови формираат фигури на небото над Инчеон, Јужна Кореја. Различните формации на беспилотните летала се дел од светлосното шоу кое се одржува во рамките на изложбата Кореја Дрон Експо. Тоа е најголема изложба од ваков вид во Азија, а се одржува секоја година со цел да ги поврзе важните актери и технологии од оваа бранша.
Олимпискиот оган пристигна во Марсеј
Огномет во Марсеј додека едрилицата со три јарболи Белем го носи Олимпискиот оган во старото пристаниште во градот. Олимпискиот оган, кој во Грција беше запален на 16 април и оттаму патуваше 12 дена со брод до Франција, имаше спектакуларен дочек. Сега ќе биде носен 12.000 километри низ Франција, пред неговото патување да заврши во Париз. Олимписките игри 2024 се одржуваат од 26 јули до 11 август.
Дуелот на Хумелс и Мбапе
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и одбранбениот играч на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс се борат за топката во полуфиналето на Лигата на шампиони, притоа во поза каква што вообичаено може да се види на уметничко лизгање. Хумелс со својот гол ѝ донесе победа на Борусија и го однесе својот клуб во финалето на Лигата на шампиони, каде ќе се соочи со победникот од дуелот Реал Мадрид-Бајерн Минхен.
Најдолгиот багет на светот
„Светскиот рекорд за најдолг багет е соборен“, објави гордо градот Сурен, во Франција. Француските пекари таму цели 14 часа работеа на најдолгиот багет и на крајот направија леб долг цели 140,53 метри! Со тоа влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Претходниот рекорд за најдолг багет беше поставен во Комо, Италија.
Велигден во Македонија
Светските агенции во текот на викендот објавија фотографии од празнувањето на Велигден на православните верници ширум светот, а меѓу нив е и оваа фотографија на агенцијата Ројтерс направена во Македонија, во манастирот Свети Јован Бигорски.
Првомајски демонстрации во Германија – главно мирни
Повеќе од 20.000 луѓе на 1 мај учествуваа на левичарските и левичарско-радикалните демонстрации, првенствено во Берлин и Хамбург. Полицијата беше присутна во засилен број за да спречи можни нереди во текот на ноќта. Во Штутгарт (на фотографијата) полицијата го прекина митингот откако учесниците ги нападнале полицајците.
Мајско дрво
Украсено е со шарени ленти и венци и обично се поставува на централниот плоштад: таканареченото мајско дрво е цврста традиција во многу германски села. Сепак, оваа традиција одамна се пренесе и во градовите и служи како знак на љубов. Момчињата обично го ставаат пред домот на нивните девојки ноќта спроти први мај.
Венеција наплатува дневна такса за туристи
Венеција е прв град во светот кој наплатува дневен влез, слично на забавните паркови. За тековната година во оваа тест фаза определени се вкупно 29 дена во кои ќе се наплатува таксата. Пет евра ќе треба да се плаќаат до 5 мај. Потоа, таксата ќе се наплаќа и за сите викенди за време на главната туристичка сезона. Градот остварува високи приходи од масовниот туризам, но и многу страда од него.
Сахарска прашина ја обви Атина
Црвено-портокалова боја до каде што може да стигне окото: Двојка седи на ридот Турковунија во близина на грчката престолнина Атина и набљудува речиси дистописки пејзаж. Јужните ветрови донесоа сахарска прашина во градот - една од најжестоките епизоди од 2018 година наваму. Постојат и здравствени ризици - властите предупредуваат на тешкотии со дишењето